Door Out Sport ВОДИЧ

Поглавје 3

Образование за, во и преку спорт – како го правиме тоа?

Експертите за учење и различните едукатори секогаш го нагласуваат образовниот потенцијал на сите активности во кои можеме да учествуваме. Учењето се случува како механизам за преживување кој го имаме развиено. Во ситуација каде процесот е испланиран, можеме да збориме за образование. Спортот е организирана и планирана активност. Додавање на образовна цел значи двојно планирање, но не мора да значи два сосема различни процеси. Во експериментално учење тоа се случува со правење.

Во зависност од образовните цели кои сакаме да ги постигнеме, можеме да збориме за три модели на учење поврзани со спорт и спортот како потенцијална алатка за учење и образование. Затоа, треба да направиме разлика помеѓу образование ЗА, СО и ПРЕКУ спорт.

ОБРАЗОВАНИЕ

ЗА 

СПОРТ 

Традиционалните спортски клубови, спортски организации и училишта се фокусирани на спортските перформанси и резултатите на нивните членови и ученици. Вештините кои ги стекнуваат се поврзани со спортот и на овој начин развиваат компетенции за спортски перформанси во различни спортски дисциплини. Фокусот на тренерите додека работат со младите е да ги поддржат во развојот на индивидуалните компетенции за подобрување на физичкиот перформанс. Овде збориме за Образование ЗА спорт и во овој контекст има малку простор и можност за да се имплементира неформално образование. Сепак, младите учат за фер-плеј, тимски дух и соработка, така што учат за вредностите и стекнуваат важни социјални вештини, но во непланиран и ненаменет начин.

ОБРАЗОВАНИЕ 

ВО 

СПОРТ 

Со концептот Образование СО спорт, ние се доближуваме до планираното и структурираното учење со конкретни цели за учење кои треба да се постигнат со него. Учењето со спорт обично значи дека учениците ќе бидат позапознаени со социјалните причини како здравјето, благосостојбата, јавната благосостојба или социјална инклузивност. Главната цел на образование со спорт е да им се објасни на учесниците дека со играње на различни спортови, се очекува да научат повеќе за здрави начини на живот и на овој начин да им се подигне свеста за здравствени проблеми и нивната благосостојба. Постои јасна, образова намера во овој модел на учење, но ни недостига поширок опсег на теми кои треба да бидат опфатени со него. Треба да ги опремиме младите со социјални вештини и компетенции кои можат да влијаат на нивната свест за социјалните практики во современото општество и да ги подготвиме да учествуваат во променувањето на политиките кои влијаат на нивните животи. Овде стапува образованието преку спорт на сцена.

ОБРАЗОВАНИЕ 

ПРЕКУ 

СПОРТ 

За концептот Образование преку спорт, треба да интегрираме и воведеме спортски елементи за образовна намена за решавање на социјален проблем, развивање на социјални компетенции и предизвикување на транјна социјална трансформација. Како секоја неформална активност, сесиите за учење преку спорт се планирани, јасни, реалистични и со мерливи резултати по нивната имплементација. Формулата е НФО + спорт по што можеме да разговараме за развивањето на клучни компетенции на поединци и групи со цел да можеме да придонесеме за личен развој и одржлива социјална трансформација.

Проектот “Door Out to more Sport for all” е кофинансиран од Европската Унија.