Door Out Sport ВОДИЧ

Поглавје 3

Што е циклус на учење преку искуство?

Секој тип на активност што ги поттикнува учесниците да учат преку нејзиното спроведување и размислувања по нејзе се вика учење преку искуство. Накратко, ова е учење преку правење. Тука спаѓаат спортот, гејмификација, екскурзии, студии, симулации, итн. Според Дејвид Колб, учењето преку искуство работи во четири фази: конкретно учење, рефлективно набљудување, апстрактна концептуализација и активно експериментирање. Во првите две фази од циклусот спаѓа разбирање на искуство, а останатите две се фокусираат на трансформирање на искуство.

За учењето преку искуство да стане неформално образование (НФО), треба да имаме намера да пренесеме некои вештини и знаења, јасно поставени цели на учењето и по имплементацијата на активност, треба да одвоиме време за давање дебрифинг и саморазмислување. Ова го карактеризира учењето во НФО. Во НФО баравме за инспирација да развиеме ДОС методологија и овој пристап е оној кој го користиме за тоа. Единствената разлика е се фокусираме на мултиспортстки активности на отворено и од таму се надоврзуваме.

Постојат многу причини зашто треба да се обидеме да го направиме ДОС дел од различните процеси на учење. Младите треба да стекнат новие социјални компетенции и паралелно да работат на поместување на нивните физички способности, одржувајќи го нивното здравје и стекнување на нови практични вештини кои можат да им користат.

Постојат многу причини зашто треба да се обидеме да го направиме ДОС дел од различните процеси на учење. Младите треба да стекнат новие социјални компетенции и паралелно да работат на поместување на нивните физички способности, одржувајќи го нивното здравје и стекнување на нови практични вештини кои можат да им користат. Во учењето за и со спорт, различни нови знаења може да се научат, но мора да имаме планирани процеси на учење преку спорт за да го имаме најдоброто влијание. За да им помогнеме на младите да стекнат нови вештини и знаење на овој начин, потребна е методологија која го користи спортот во комбинација со методи на НФО. Исто така треба да обучиме луѓе да ги имплементираат овие активности.

Кога организирате ДОС активност за да постигнете едукација преку спорт, треба да следите неколку лесни чекори:

  • одлучете за која тема сакате вашите учесници да учат или да стекнат знаење и вештини,
  • одберете целна група и одредете колкава ќе биде групата со која ќе работите,
  • одредете колку време е потребно за активноста,
  • направете листа на потребни материјали за активноста за да се подготвите однапред,
  • подгответе ги чекорите низ кои ќе ја водите групата, знајте го точниот редослед и на кој начин ќе дадете упатства за активноста. За ова треба да се согласите со вашиот партнер фасцилитатор,
  • набројте ги сите можни прашања на дебрифингот по активноста. Запамтете дека учењето се случува по активноста, кога учесниците ги споделуваат искуствата и што ги натерало да размислуваат или дури што смениле во нивното однесување.

Луѓето кои се одговорни за обучувањето на младите треба да поминат низ дополнителни обуки за принципите на НФО за да ја разберат моќта на воведувањето на спортски активности со НФО за да дадеме нови перспективи на младите. Исто, обучувачите на НФО треба да бидат информирани за позитивното влијание што спортот може да го има на неформалното образование. Младите исто треба да се запознаени со можноста и придобивките што можат да ги добијат од овој тип на активности и учество.

Проектот “Door Out to more Sport for all” е кофинансиран од Европската Унија.