Door Out Sport GUIDE

Поглавје 3

Какво е влијанието на ДОС учењето?

Покрај различните вештини и знаење што ДОС може да ги обезбеди, има и вредности кои младите можат да ги усвојат преку учењето преку мултиспортски активности на отворено како:

Доживотна активност и учење,

Ценење и вреднување на разликите,

Чувство за место и заедница и

Грижа за светската животна средина.

НА ИНТРАПЕРСОНАЛНО НИВО 

учење преку искуства и развивање на вештини, знаење, карактер, издржливост и позитивен пристап кон преземањето ризици.

НА ИНТЕРПЕРСОНАЛНО НИВО 

поттикнување на значајни односи меѓу генерации кои поттикнуваат толеранција, почит и љубезност.

НА ОПШТЕСТВЕНО НИВО 

развивање на чувство за место што води кон поголем ангажман со заедницата.

НА ГЛОБАЛНО НИВО 

негување на врска која води до почит и грижа за природата и ценење на биолошката разновидност и одржливост.

Со вклучување на активностите за учење во нивната работа, спортските клубови/еко камповите/организациите ќе придонесат кон развојот на социјални компетенции на нивните членови и ќе станат дел од нивната интеграција во заедницата. Додавањето на нова вредност во нивната работа ќе ги мотивира младите да бидат поактивни бидејќи ќе учат од нивните врсници за придобивките покрај само играње на спорт.

Поширокиот опсег на активности им дава уште поголема одговорност на спортските клубови и на еко камповите, но нивното влијание е многу важно за младите и нивниот развој. Вклучување на ДОС пристапот само ќе значи структурирање на нивните компетенции, знаење и вештини што младите веќе ги стекнуваат во рамките на нивните вообичаени активности во спортските клубови/ еко кампови/организации.

DOS активностите се одлична можност за младите кои се од ранливи социјални групи.

DOS методологијата го претставува најдобриот спој на активности кои се корисни за нив на многу начини, но исто така може да им помогне да станат дел од заедницата и да ги зближат со нивните врсници. Учењето се случува преку каналот, како мултиспортските активности, можат лесно да се усвојат и со доживотни ефекти.

DOS може да се користи за вклучување на ранливите социјални групи, различни колективни акции, меѓународни размени и други цели. Лесно може да стане место каде младите се запознаваат и разменуваат со искуства. Дури ако темата на вашиот настан е нешто различно, како справување со проблеми со околината, начинот на кој ги собирате вашите учесници и вредностите кои ги демонстрирате во вашата работа и пристап, ќе имаат позитивен ефект на учесниците и околината.

Единственото нешто што треба да се случи пред тоа е да одлучите да го користите за овие цели. Наместо тоа, само следете ги чекорите за организирање на ДОС активност и почекајте ги резултатите.

Проектот “Door Out to more Sport for all” е кофинансиран од Европската Унија.