Door Out Sport ВОДИЧ

Поглавје 4

ДОС методи на учење

1. ОРИЕНТИРАЊЕ КОН ЕДНАКВОСТ

Тема: тимска работа, еднаквост, лидерство, решавање на проблеми
Целна група: Г15+, но ако подготовката е добро направена, може да вклучите и помлади учесници
Големина на групата: 20-30 учесници поделени во помали групи
Време: Препорачливо е 60 минути. Можете да го прилагодите времетраењето, ако е потребно, пократко за деца, подолго и покомплицирано за млади.
Материјали и поставување: Активноста се спроведува на отворено, по можност во шума. Потребни ви се хартија и пенкала за да ја обележите рутата и да ги напишете предизвиците. Користете ја имагинацијата за прилепување на предизвиците на дрвјата на природен, не штетен начин. Ако развиете понапредни предизвици, може да користите и други материјали.
Преглед: Ова активност за учење врз основа на ориентирање. Учесниците ќе имаат можност да пројдат низ различни препреки и по патот, да ги откријат основите на тимска работа, еднаквост, лидерство и решавање на проблеми.
Подготовка: Подгответе ја рутата за активноста за ориентирање и обележете ја со потребните симболи или знаци. За секоја точка на рутата, треба да ја подготвите точната задача и да ја ставите во плико. Уверете се дека рутата е безбедна за вашите учесници, но обидете се да одберете некоја која ќе биде предизвик за нив. Пред организирање на активноста, земете ги во предвид капацитетите на вашите учесници, пр. шумата не е добар избор ако имате учесници со попреченост, итн. Потсетете ги учесниците да се облечат соодветно на временските услови и областа низ која ќе се движат.
Упатства: Оваа активност е поедноставување на ориентирањето. Поставете рута околу широк простор (на пример низ парк или мала шума). Направете ја рутата со закачување на стрелки на дрвја, патокази, итн. На стратешки места долж рутата поставете низа на пликови. Учесниците ја следат рутата заедно како група. Како што го наоѓаат секое плико, треба да го завршат предизвикот кој е скриен внатре пред да продолжат кон следното. Целта е да се испешачи цела рута и успешно да се завршат сите предизвици.
Неколку примери на предизвици што можете да ги користите:
  1. Една личност се преправа дека е слепа,а другите треба да го/ја водат него/нејзе да заврши некоја физичка задача.
  2. Една личност е избрана за лидер. Другите глумат дека се слепи, а лидерот треба да им помогне да завршат некој физичка задача.
  3. Групата треба да ги поддржи двајца членови да извршат некој качувачки предизвик или некој друг тип на физичка активност.
Препораки:
  • Кажете им на учесниците дека треба да соработуваат, ова не е натпревар
  • Како фасилитатор, секогаш бидете достапни за вашите учесници бидејќи можеби ќе им треба објаснување или поддршка
  • Прилагодете ги задачите за возраста на учесниците
  • Не ги решавајте задачите за групата, оставете ги сами да го направат тоа за да се здобијат со искуство
Идеи за дебрифинг и евалуација:

Откако ќе ги прашате учесниците како се чувствуваат и кои се нивните впечатоци за активноста, треба да ја мотивирате размената за следните аспекти на активноста:

  • Како се одвиваше комуникацијата во тимот? Дали имаше конкретни улоги преземени од членови на тимот? Која ја препознаа? Кои се нивните карактеристики? Кој беше лидерот?
  • Како течеше процесот на решавање на проблеми? Дали ги препознавте фазите на процесот? Дали е исто во вистинскиот живот? Како вашите улоги во тимот влијае на учеството во решавање на проблеми?

Проектот “Door Out to more Sport for all” е кофинансиран од Европската Унија.