Door Out Sport ВОДИЧ

Поглавје 4

ДОС методи на учење

2. КАМП НА ПРАВА

Тема:

Демократија, човекови права, еднаквост, решавање на проблеми, издржливост

Целна група: Г15+, но ако подготовката е добро направена, може да вклучите и помлади учесници
Големина на група:

10-20 учесници поделени во помали групи

Време:

Препорачливо е 60 минути. Можете да го прилагодите времетраењето, ако е потребно, пократко за деца, подолго и покомплицирано за млади.

Материјали и поставување:

Потребни се помали дрва и стапови за палење на оган, кибрит, запалка, весници.

Активноста треба да биде направена на отворено место, како поле, со минимални можности да се прошири пожар. Ако ја организирате активноста близу до вода, тоа би било совршено место.

Преглед:

Учесниците ќе работат заедно да запалат логорски оган. Тие ќе го прават во различни групи и секоја група ќе има различни материјали што ќе им овозможи да научат за еднаквоста и социјалните разлики. Тие ќе научат за можноста за промена на нивниот статус за време на активноста.

Подготовка: Започнете со подготовка на два сета на материјали за логорски оган. Треба да ја одразуваат нееднаквоста и еден од тимовите треба да има потешка работа. Подгответе доволно вода во случај ако оганот излезе од контрола. Најмалку двајца фасилитатори треба да ја водат оваа активност поради безбедносни причини.
Упатства:

Чекор 1– Поделете ги учесниците во две групи. Објаснете им што ќе прават. Бидете детални кога објаснувате, паралелно со објаснување на безбедносните мерки што сите треба да ги имаат во предвид за време на активноста.

Чекор 2– Оставете ги учесниците да ја извршат задачата. Внимателно набљудувајте што се случува и бидете достапни ако е потребна поддршка. Забележете ги сите точки кои се важни за понатамошната анализа и учење на групата. Групите имаат 20 минути да ја завршат задачата.

Чекор 3– Направете прослава за тимот кој ќе победи. Треба малку да претерате со пофалбите за тимот со подобра почетна точка за спроведување на задачата (оние со повеќе употребливи материјали).

Чекор 4 Пратете ги групите за 15 минутен разговор за да зборите за активноста и кои беа нивните главни предизвици и откритија. Групите треба да ги презентираат заклучоците. По презентацијата, започнете со дебрифинг.

Препораки:

Кога фаворизирате еден од тимовите, гледајте да не претерате за да не навредите некој од другата група.

Во дебрифингот на активноста, оставете учесниците сами да дознаат дека повеќе поддржувавте една од групите, не го откривајте ова додека самите не го откријат.

Идеи за дебрифинг и евалуација:

Прашања за дел од активноста по задачата и пред групната работа:

Како се чувствувате после активноста?

Дали ви беше тешко да ја завршите задачата?

Каков е вашиот впечаток за динамиката во групата? Дали имавте доволно материјали за да ја завршите задачата?

Прашања после групната работа:

Како се чувствувавте кога дознавте дека другата група има различен сет на материјали за задачата?

Како можете да ја поврзете оваа активност со вистинскиот живот?

Дали имаше некои безбедносни проблеми што се случија за време на активноста?

Проектот “Door Out to more Sport for all” е кофинансиран од Европската Унија.