Door Out Sport ВОДИЧ

Поглавје 2

Што се инклузивни (ДОС)?

Избор на учесници и нивната мотивација – Ако сте спортски клуб, вие веројатно веќе имате учесници за настанот, но ова е шанса за потенцијални нови учесници. Овде треба да го искористите знаењето и вештините кои ги споделивме со вас во дел од овој прирачник, со оглед на подготовката на вашите комуникациски стратегии.

Доколку не сте спортски клуб, тогаш веројатно ќе објавите повик за вашите учесници. Изберете однапред кој сакате да ви биде публика за да бидете соодветно подготвени за комуникација со нив. Секоја порака која ја споделувате треба да биде прилагодена на потребите на вашите учесници. Сакате да ги мотивирате за вашата работа и определениот ДОС настан кој го планирате. Познавањето на вашата публика е исто важно за кампањата на социјалните медиуми каде треба да објавите повик за учество. Погрижете се да ги дадете сите потребни информации и наведете ги придобивките кои ќе ги добијат.

Подготовка на ДОС програма и агенда – Ако организирате повеќедневен ДОС настан, треба да подготвите детална агенда. Погрижете се да има логичен редослед кој одговара со целите на вашиот настан. Треба да сте запознаени со сите чекори на методот кој го имате одберено за вашиот настан. Поделете ги задачите помеѓу тимот и следете го вашиот напредок. Давајте јасни и едноставни упатства на вашите учесници. Подгответе едноставно сценарио на активноста кое можете да го следите. Секогаш потсетувајте за безбедносните мерки и протоколи. Бидете достапен за прашања и коментари. Водете ја групата. Бидете прилагодлив на околностите. И многу важно, забавувајте се!

Повратна информација и евалуација – Овие аспекти секогаш треба да ги вклучите во вашата работа. Кога добивате повратна информација од вашите учесници, ви овозможува да бидете поспремни за вашите следни активности и да надминете некои предизвици со кои можеби се соочувате. Евалуирајте ја вашата работа со тимот. Заедно анализирајте што може подобро да се направи за во иднина. Евалуирајте дали сте ја постигнале вашата цел.

Поставување безбедносни мерки – Многу важен дел од ДОС активносите е безбедноста и тука треба да се фокусирате паралелно со подготовката на активноста. Ја посочивме оваа потреба во секој метод опишан во овој прирачник. Имајте протоколи за итни случаи кои ќе бидат припремени пред настанот. Контактирајте локални власти и институции кои се задолжени со безбедноста на вашата заедница за да ги информирате за вашата работа. Бидете подготвени!

Следете ги активностите – Секогаш следете ги активностите. Вака вашите учесници знаат дека се грижите за придонесот кој го дале за време на ДОС активноста и дека сте заинтересирани за нивните впечатоци. Заблагодарете им се на вашите учесници и поддржувачи. Не заборавајте да објавите за активноста на социјалните мрежи, следејќи ги нашите препораки во делот за комуникација. Одлучете за следните чекори за вас и вашите учесници.

Проектот “Door Out to more Sport for all” е кофинансиран од Европската Унија.