Door Out Sport ВОДИЧ

Поглавје 2

Што се инклузивни (ДОС)?

За да работите во мултиспортски активности (ДОС), треба да започнете со сакање на било какво време. Активностите надвор ќе ве навлажнат кога врне, но вие мора да останете посветени дури ако е многу топло надвор. Придобивките што ќе ги добиете вие и вашите учесници ќе вредат. Мултиспортските активности се планиран и наменски фасцилитиран пристап предводен од координатор на активности на отворено (во овој случај тренер, водич, НФО обучувач, итн.). Мултиспортските активности на отворено исто така го опфаќаат и стекнувањето на одредено знаење и вештини.

Има два типа на активности на ДОС кои можете да ги организирате. Можеме да ги поделиме во:

Образовни мултиспортски активности на отворено (во природа), и

Активности за користење на спортот за решавање на различни теми кои се важни за заедницата или општеството / активности за подигнување на свеста.

Така, да речеме дека ова е првата одлука која треба да ја направите, или веќе сте ја направиле бидејќи го читате ова за го искористите знаењето овде за да ја постигнете вашата цел. Без разлика, подолу се наведени сите чекори кои ќе ви помогнат да се подготвите за имплементацијата на ДОС програмата.

Познавање на спецификите на мултиспортските активности на отворено може да не спремат да ги искористиме на оптимален начин. Чекорите за организирање на ДОС активност се:

Одберете ја вашата тема. Поставете ги целите! – За почеток, треба да знаете зошто организирате ДОС активност и што е она што сакате да го промените или воведете. ДОС активноста што ја имате треба да биде во согласност со целите на вашиот клуб/камп/организација и треба да има свои цели. Пробајте да не го комплицирате многу. Има многу чекори и имање на една, но важна тема за вашата заедница и вашите учесници може да биде одлична одлука. Може да биде било што, од интеграција на млади до припремање на предлог за локални политики за промена на климата. Откако ќе одберете тема, треба да ги дефинирате целите на активноста што ја организирате. Треба да бидат јасни и мерливи за кога ќе завршите, да видите дали се постигнати.

Може да започнете со еднодневни настани, не брзајте со организирање на подолги тренинзи или кампови. Кратка екскурзија може да ви овозможи да разговарате со учесниците за главните точки на вашата тема.

Одбирање на методологија која ќе ја користите за ДОС. Имате неколку избори кои треба да ги направите. Откако ќе ги знаете вашите цели, треба да изберете дали ова ќе биде едукативен ДОС настан или ДОС настан/кампања за подигнување на свеста. Потоа, треба да изберете од методите кои ги припремивме за вас во овој прирачник. Многу од овие целосно развиени активности се фокусираат на проблемите со инклузивност и со животната средина.

Кога бирате пристап, размислете за темата, вашите учесници и местото каде ќе работите. Во зависност од овие аспекти, одберете го најдобриот метод за вас. Секогаш имајте ја во предвид безбедноста на вашите учесници. Планинарењето и качувањето се многу интересни активности, но не се погодни за повеќето.

Барајте ги вашите сојузници – Обично темата што ве мачи вас и вашите членови е тоа што лесно можат да ја забележат другите релевантни актери во вашата заедница како на пример други спортски клубови, кампови или организации. Пробајте да ги воведете во ДОС активности. Со здружување можете само да придобиете вие и вашите партнери. Може да значи повеќе учесници, повеќе идеи и поголемо влијание на заедницата и тоа секогаш е добра идеа. Заедно со вашите партнери размислете на другите страни кои можат да ве поддржат во вашата работа. Можеби ќе бидат локални власти или друга институција.

Успехот и влијанието на вашата ДОС активност може да зависи од партнерствата и вмрежувањето што ги правите околу нив, затоа изберете мудро.

Ресурси и логистичка подготовка за ДОС активноста – На почетокот мора да размислите во однос на ресурсите кои ги имате за организирање на ДОС активност. Покрај потребниот материјал и знаење, треба да знаете дали имате олеснувачи со потребните вештини. Ова е исто така зошто е добро да имате партнери за имплементирање на ДОС активност, бидејќи значи дека ќе имате повеќе ресурси на располагање. Во секој случај, мора да ги тестирате и вежбате вашите вештини за неформално образование во секојдневната работа. Продолжете со развивање на вашите капацитети за ДОС активности за да може да организирате ефективни активности кои се интересни за младите.

Откако ќе ги анализирате ресурсите, поминете низ вашата листа за техничка подготовка на активноста.

  • Одберете го времето и местото и провете дали тоа им одговара на мнозинството од групата,
  • Набавете ги потребните материјали за активноста,
  • Обезбедете транспорт,
  • Набавете освежување и храна за учесниците ако активноста е подолга,
  • Погрижете се дека имате соодветна поддршка за учесниците со помалку можности,
  • Поделете ги улогите во тимот за сите да знаат со што се задолжени,
  • Обезбедете безбедносни мерки.

Проектот “Door Out to more Sport for all” е кофинансиран од Европската Унија.