Door Out Sport ВОДИЧ

Поглавје 2

Развивање на инклузивни мултиспортски активности: што да правиме?

Со воведување на мултиспортски активности во нивната работа, спортските клубови/кампови/организации ќе придонесат во развојот на социјалните компетенции на нивните членови и ќе станат дел од нивната интеграција во заедницата. Додавањето на нова вредност во нивната работа ќе ги мотивира младите да бидат поактивни во спорт бидејќи ќе учат од нивните врсници за придобивките покрај учењето само за спортски перформанси. Воведување на овој пристап би значело структурирање на компетенциите, знаења и вештини кои младите веќе ги стекнуваат со играње и тренирање на спорт.

Некои од активностите на ДОС може да доведат до мали промени во однесувањето и ставовите што може да го зголемат здравјето и благосостојбата, како и свеста за околината. Ова е она кон што целиме.

Методологијата на мултиспортот на отворено може да се користи за различни цели бидејќи:

  • ја подобрува физичката сила и издржливоста,
  • поддржува учење,
  • развива холистичко и креативно размислување, според истражувањата,
  • промовира ментално здравје,
  • намалува анксиозност, депресија и хиперактивност што е резултат на изложување на сонце, дури и при само излегување надвор,
  • помага со стекнување на вештини за решавање на проблеми
  • развива разбирање на околината и како таа функционира
  • овозможува вклучување на младите и
  • ги дава потребните вештини и знаење како и платформа за граѓански активизам.

Со запознавање со подготовката на активности и процесот на имплементација на ДОС, можете да станете координатор на мултиспортски активности на отворено.

Како координатор на мултиспортски активност, секогаш треба ви биде во предвид безбедноста на учесниците и за тие безбедно да поминат низ процесот, треба да се стекнете со вештини за да ги обучувате другите преку активностите кои ги водите. Треба да работите на вашето одлучување во променливи услови, стилови на лидерство и напредни вештини како фасцилитатор и обучувач со понатамошна обука, тренирање и размислување. Ако сте во тек со прва помош, заштита и заштита на податоци, ова може да биде само предност во вашата кариера во мултиспортски активности на отворено.

Проектот “Door Out to more Sport for all” е кофинансиран од Европската Унија.