Door Out Sport ВОДИЧ

Поглавје 1

Што сакаме да постигнеме?

Покрај иницијативата, нашата идеа е да ви дадеме упатсва и препораки за:
– Дефинирање на пристапот и методите кои се корисни за мобилизација на младите да се приклучат на спортските активности со тоа што ќе ги направиме попривлечни за нив.
– Во овој прирачник, ја презентиравме методологијата која вклучува активности на отворени и мултиспортски пристап и е развиена од нашиот тим.

Уште повеќе, оваа методологија ја нуди едукативната димензија на спортот, во и преку него, и дава објаснување за како тоа да се направи во спортските клубови, камповите и организациите кои немаат искуство во оваа тема. Ова исто важи и за поактивната улога на спортот во кампањите за подигнување на свест кои можат да бидат интересни за младите.

Покрај воведувањето на образование и пристапот за кревање на свеста до нашата целна група, ние исто така сакаме да ги научиме клубовите и другите засегнати страни како да подготват висококвалитетни комуникациски активности кои ќе ги мотивираат младите да се приклучат на активносите и програмите на ДОС.

Проектот “Door Out to more Sport for all” е кофинансиран од Европската Унија.