Door Out Sport ВОДИЧ

Поглавје 1

Како да се привлечат младите кон спортот?

Како што наведовме, главниот предизвик поврзан со глобалните здравствени предизвици е недостатокот на физички активности и посветеност на спортот кај младите. Се ова укажува на недостатокот на мотивација. Овој факт е она што најмногу влијаеше на пристапот кој го имаме во прирачникот.

Се посветивме на следниве аспекти за мотивирање на младите:

АКТИВНОСТИ НА ОТВОРЕНО – Со избирање на надворешната околина како простор за активностите кои ќе ги презентираме, ние одговараме на преференциите на младите кои се позаинтересирани за занимавање со спортови на отворено, како што ни кажува нашето истражување. Активностите на отворено придонесуваат за подобро ментално и физичко здравје на младите и ако сакаме да поттикнеме младинско учество во спортските активности, треба да одговориме на трендовите и потребите на младите. Дополнително, младите генерации покажуваат интерес во проблемите со околината и екологијата повеќе од претходните генерации.

МУЛТИСПОРТСКИ АКТИВНОСТИ – Мултиспортскиот пристап ни ја отвора можноста да пристапиме кон поголем број на млади. Тие имаат различни интереси за спорт и комбинирање на повеќе спортови ни дава подобра шанса да им ги погодиме нивните интереси. Исто така, очекуваме дека ќе бидат заинтересирани од пристапот бидејќи тој е иновативен и креативен, што е добро кај младите. Кога комбинираме различни спортови, активностите што ги нудиме на младите стануваат поатрактивни и тие ги сметаат за многу интересни. Многу примери за комбинирање на спортови се опишани во дел од прирачникот каде се презентирани методите. Откако ќе се уверите во ДОС пристапот, вие ќе почнете да подготвувате свои методи кои ве служат најдобро.

ЕДУКАЦИЈА ПРЕКУ И ВО СПОРТ – Младите сакаат да учат на нов начин. Неформалното образование им ја нуди оваа можност. Тие учествуваат и учат и оваа рамка е применлива за учење преку спорт. Спортот е многу добра алатка за стекнување на нови знаења и вештини и ние веруваме дека со комбинирање на образование и спорт ќе инспирираме многу млади да се приклучат на спортските активности за да се стекнат со нови вештини и знаења и во исто време да си ја зајакнат својата физичка и ментална благосостојба. Со стекнување на нови вештини и знаења, младите ќе се оспособат активно да придонесуваат за развојот на нивните заедници и општеството.

КАМПАЊИ ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА – Многу од кампањите за подигнување на свест се водат преку спорт. Спортот е атрактивен за младите и тие со задоволство ќе учествуваат во кампањи за подигнување на свеста кои се вршат преку спортот. Во прирачникот објаснивме како треба да го направите тоа за да привлечете повеќе млади во вашата работа.

КОМУНИКАЦИЈА– Ние ја баравме најдобрата формула за пристап до младите и во дел од прирачникот каде зборувавме за комуникација, понудивме алатки и вештини за нивно вклучување со праќање на точните пораки за да ги заинтересираме во мултиспортски активности. Објаснувањето за придобивките е многу важен дел од ова. Откако ќе ги мотивираме да се приклучат преку социјалните мрежи, добри се шансите дека многу од нив ќе се ангажираат и ќе продолжат со спортските активности.

Проектот “Door Out to more Sport for all” е кофинансиран од Европската Унија.