Door Out Sport ВОДИЧ

Поглавје 1

Што ни кажуваат податоците?

Да се биде физички активен е многу важно поради очигледните здравствени придобивки, ментални или физички, особено сега. Алтернативата на огромниот предизвик на нашето време е да се најде различен пристап кој ќе ги зближи младите, ќе ги мотивира да бидат активни и паралелно да стекнат нови социјални вештини и компетенции.

Според СЗО, само 1 од 5 адолесцентни веројатно ќе извршат најмалку 60 минути физичка активност со умерен до енергичен интензитет дневно во текот на неделата, што може да биде играње на игри, спорт, но и транспорт (возење на точак и пешачење) или физичко образовани кое е препорачано. Овој факт води до многу проблеми со менталното здравје и влијае на растот и развојот на целата генерација на млади. Државите и заедниците треба активно да го решаваат овој проблем.

Во истражувањето спроведено во рамките на проектот Door Out for More Sport дознавме дека 40% од младите кои се активни, го намалиле своето учество во спортски активности за време на Ковид-19 пандемијата, најчесто со целосно откажување. Тие биле соочени со моментот каде или ќе се откажат од занимавање со спорт или ќе се занимаваат со индивидуални спортови.

Во истото истражување дознавме дека клубовите кои нудат дополнителни активности се поатрактивни на младите. Но исто така дознавме дека според младите, повеќе од 50% од спортските клубови не нудат никакви дополнителни активности.

Младите кои не вежбаат изјавија дека недостатокот на време и волја за вежбање е најчестата причина да не вежбаат. Тие повеќе би сакале да одат на неформални и рекреативни спортови отколку на било каков вид на формален спорт, групен или индивидуален.

Ајде да видиме како да им понудиме повеќе!

Проектот “Door Out to more Sport for all” е кофинансиран од Европската Унија.