Door Out Sport ВОДИЧ

Поглавје 4

ДОС методи на учење

9. ИГРАЛИШТЕ ЗА СИТЕ

Тема:

инклузивност, дискриминација, залагање за промени во политиките

Целна група:

Г16+

Големина на група:

20 учесници

Време:

90 минути

Материјали и поставување:

Хартиени листови и маркери;

Теретани на отворено, јавни игралишта

Преглед:

Учесниците ќе пробаат да обноват јавни простори за спортувае во простори за инклузивност и почит кон ранливите социјални групи на млади.

Подготовка:

Одберете го јавното игралиште за активноста. Погрижете се за потребите на вашите учесници кога одбирате место.  

Упатства:
  • Соберете ги учесниците кај почетната точка.
  • За тим билдинг активностите, споделете неколку задачи кои треба да бидат завршени од целата група – дадете им некој TiкTok предизвик.
  • Кажете им на учесниците да го замислат профилот на луѓето кои ги користат јавните игралишта и надворешните теретани. Во мали групи, треба да го нацртаат профилот на луѓето кои би сакале да ги користат овие простори за рекреација и забава.
  • После ова, побарајте да понудат нивни предлози за како треба овие простори да се преуредат за да бидет полесни за користење за младите со социјални препреки. Треба да направат предлози за комуникација со носителите на одлуките.
  • Секоја група треба да демонстрира дел од нивните планови. Ако го преуредат просторот и смислат нови идеа за како треба постоечкиот да се користи, треба да им покажат на другите учесници.
  • Групите треба да им презентираат на другите што сработиле и да ги слушнат нивните коментари.
  • Започнете го дебрифингот.
Препораки:

Како за пробивање на мразот, предложете им на учесниците да ја користат опремата за вежбање.

Секогаш потсетувајте ги за безбедноста и охрабрувајте ги да ги поддржуваат учесниците кои не се многу заеинтересирани за спорт преку објаснување на правилниот начин на вежбање. Ова може да биде шанса за да анализираат кој дел од надворешните игралишта може да биде направен или преуреден за да одговара на потребите на сите млади лица.

Идеи за дебрифинг и евалуација:

Дали сите се чувствуваа дека можеа да придонесат?

Дали групата работеше демократски или имаше назначен лидер?

Дали беше тешко да се преуредат игралиштата и надворешните теретани?

Дали беше лесно да се користат постоечките?

Кои предлози најмногу им се допаѓаа на луѓето?

Колку инклузивни беа предлозите?

Дали мислите дека носителите на одлуки ќе ги прифатат нашите предлози за промена?

Кој би се обиделе да уверите за да ве поддржат во ова?

Проектот “Door Out to more Sport for all” е кофинансиран од Европската Унија.