Door Out Sport ВОДИЧ

Поглавје 4

ДОС методи на учење

10. ФРИЗБИ ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ПЧЕЛАТА

Тема:

ментално здравје, тимска работа и соработка

Целна група:

Г15+

Големина на група: 15-20 учесници
Време:

60-70 минути

Материјали и поставување:

Потребни ви се 2 фризби за секој тим. Хартиени чаши и листови со изјави.

Активноста може да биде организирана било каде надвор каде фризбито може  да се фрла и да биде лесно фатено од учесниците.

Преглед:

Во оваа активност, учесниците ќе играат нова игра користејќи фризби за да научат за проблемите со менталното здравје и позитивен начин на размислување

Подготовка:

За делот со квиз од играта, треба внимателно да ги изберете прашањата за менталното здравје на младите. Советувајте се со психологот во вашата организација или спортски клуб. Имајте ги сите одговори спремни и бидете спремни да дадете дополнителни објаснувања.

Упатства:

Започнете ја активноста со игра за раздвижување. Учесниците треба да играат фризби и да се претстават кога ќе го фатат фризбито. Во втората рунда, секој кој ќе го фати фризбито треба да каже еден збор за себеси. Во третата рунда, кога еден учесник ќе го фрли фризбито, тој/таа треба да го каже името или зборот кој ги претставува на оној кон кој го фрла.

Поделете ги учесниците во повеќе мали групи во зависност од бројот на учесници.

По играта за раздвижување, објаснете ја задачата на учесниците: треба да го фрлат фризбито за да ги турнат хартиените чашки од местото каде тие ќе бидат поставени. Во секоја хартиена чашка ќе има прашања за проблеми со менталното здравје. Ако групата го знае одговорот на прашањето, тие добиваат поен, ако не, чашката се враќа на местото.

Играта трае додека не се одговорат сите прашања. Откако ќе заврши играта, прогласете го победникот и започнете со дебрифингот.

Идеи за прашањата:

Што е анксиозност?

Што е активно слушање?

Кои се знаците на депресија?

Кои се луѓето кои се одговорни за давање поддршка на младите кои се соочуваат со предизвици со менталното здравје?

Препораки:

Погрижете се групата да не дава предизвикувачки одговори на прашањата за да избегнете реакции од младите кои се препознаваат во нив. Секогаш потсетувајте ги за важноста на меѓусебната почит и дека никогаш не знаат со какви потешкотии се соочуваат луѓето околу нас.

Идеи за дебрифинг и евалуација:

Дали сите се чувствуваа дека можеа да придонесат?

Дали групата работеше демократски или имаше назначен лидер?

Кои предлози најмногу им се допаѓаа на луѓето?

Колку инклузивни беа предлозите?

Дали мислите дека носителите на одлуки ќе ги прифатат нашите предлози за промена?

Кој би се обиделе да убедите да ве поддржи во ова?

Проектот “Door Out to more Sport for all” е кофинансиран од Европската Унија.