Door Out Sport ВОДИЧ
Поглавје 4
ДОС методи на учење
8. АЈДЕ ДА ЗБОРИМЕ ЗА СПОРТОТ
Тема: |
околина, тимска работа, креативност, инклузија |
Целна група: | Г15+ |
Големина на група: | 10-20 учесници |
Време: |
90 минути се потребни за подготовка на нови активности + време за организирање и спроведување на краток натпревар |
Материјали и поставување: |
Можете да побарате учесниците да донесат стари спортски реквизити или некои кои ги имате во клубот + Рециклирани материјали – лименки, шишиња, хартија, лим, тоалетни ролни, картон. Ножички, конец, лепило, селотејп, креда. Оваа активност може да биде направена секаде надвор кога е соодветно за вас и вашите учесници. Имајте во предвид дека изборот на местото ќе влијае на идеите за новите спортови кои доаѓаат од тимовите. |
Преглед: |
Со користење на различни спортски реквизити и рециклирани материјали, учесниците ќе бидат инспирирани да измислат нови спортски активности пробувајќи ги на лице место и комбинирајќи ги правилата и духовите на постоечките спортови. |
Подготовка: |
За оваа активност, најважниот момент во подготовката е поврзан со собирањето на сите материјали кои ќе ја направат подготовката подолга од другите активности. |
Упатства: |
1.Поделете ги учесниците во еднакви групи од најмалку 3 и најмногу 5 лица
|
Препораки: |
Погрижете се за времето додека трае натпреварот за да го направите подинамичен и поинтересен за учесниците. Можете и да го ограничите траењето на активности поради оваа причина. |
Идеи за дебрифинг и евалуација: |
Дали сите се чувствуваа дека можеа да придонесат? Како групите најдобро ги искористија индивидуалните таленти на нивните членови? Дали групата работеше демократски или имаше назначен лидер? Дали беше тешко да се направат игри? Дали беше лесно да се искористат обезбедените материјали за рециклирање? Кои игри најмногу им се допаѓаа на луѓето? Дали некоја група имаше потреба да ги смени правилата на играта откако ја испробаа? Колку инклузивни беа игрите? Дали можеа сите да учевствуваат? Дали беа правилата на секоја игра фер? Дали групите ги искористија материјалите на начини кои никогаш не би ги замислиле пред игрите? |
Проектот “Door Out to more Sport for all” е кофинансиран од Европската Унија.