Door Out Sport ВОДИЧ

Поглавје 4

ДОС методи на учење

7. TАНЦУВАЈТЕ

Тема: креативност, почит, соработка
Целна група:

Г15+

Големина на група: 20-30 учесници
Време:

60-90 минути

Материјали и поставување:

За инструменти, учесниците треба да користат се што можат да најдат во природата, но треба да подготвите неколку дрвени стапчиња, песок, хартија, хартиени чаши, итн.

Оваа активност треба да биде спроведена во паркови, шуми, полиња, планински врвови, секаде каде што е соодветно за вас.

Преглед:

Користејќи ја нивната креативност, учесниците ќе смислат нови мелодии и танцови.

Подготовка:

Внимателно одберете ја локацијата за сесијата за учење. Знаејќи ги капацитетите и преференциите на вашата група може да ви помогне да одлучите дали ќе се случува во јавен простор или во помалку јавен отворен простор.

Упатства:
  • Започнете ја активноста со игра за раздвижување – Секој треба да го покажува својот омилен танцувачки потег. Другите треба да го повторат.
  • Започнете ја дискусијата со учесниците за танцувањето и што им значи тоа на луѓето. Споделете некои историски факти за танцувањето и традиционални танци.
  • Поделете ги учесниците во неколку групи.
  • Учесниците ќе добијат задача да импровизираат музички инструменти од природни материјали околу нив. Ова е моментот кога тие треба да подготват мелодија за танцот. Откако ќе го најдат нивниот звук, треба да повежбаат.
  • Во следната фаза, нивната задача е да измислат нови танцувачки потези и кореографија.
  • Откако ќе ги презентираат сите танци, групата заедно треба да избере кој танц ќе го научат сите и ќе го изведат. Може да биде комбинација на повеќе кореографии и музика од сите мелодии.
  • Откако ќе заврши активноста, одлучете дали оваа кореографија ќе биде изведена на некој настан и кој би бил тој.
  • Започнете го дебрифингот.
Препораки:

Уверете се дека сите се чувствуваат удобно со задачата. Доколку има учесници кои не сакаат да учествуваат во танцот, треба да имаат улога во оркестарот. Групите треба а имаат најмалку 8 учесници заради ефективноста на кореографијата и дека некои од нив треба да бидат во оркестарот.

Идеи за дебрифинг и евалуација:

Дали сите се чувствуваа дека можеа да придонесат? Како групите најдобро ги искористија индивидуалните таленти на нивните членови?

Дали беше тешко да се измислат нови танцови?

Дали беше лесно да се искористат природните материјали за изработка на инструменти?

Како одлучивте кој ќе танцува, а кој ќе биде во оркестарот? Дали сите можеа да учествуваат?

Кои потези најмногу им се допаднаа на луѓето?

Проектот “Door Out to more Sport for all” е кофинансиран од Европската Унија.