Door Out Sport ВОДИЧ

Поглавје 6

ЧЕКОРИ ЗА ИЗРАБОТКА НА КОМУНИКАЦИСКА СТРАТЕГИЈА ЗА ВАШИОТ ДОС НАСТАН И ПРОГРАМИ

За да ги постигнете целите, мисијата и визијата на вашата организација/клуб/камп, треба да развиете комуникациска стратегија како алатка која ќе ви помогне во ова. Идентитетот на вашата организација/клуб е даден во нејзиниот визуален идентитет – ова е сликата на вашата визија и мисија во очите на јавноста. Ова важи и за вашите ДОС програми и активности – секогаш кога организирате мултиспортски настани на отворено, направете го да ја одразува вашата целокупна работа – усогласете ја неговата визуелна претстава и вредности со вашата работа, обезбедете го вашиот идентитет цело време.

Главната улога на комуникациската стратегија е да се обезбеди промоцијата на вашата работа и на активностите кои ги правите. Треба да ги планирате вашите комуникации бидејќи секогаш кога не сме создавачи на нашите приказни, лесно можеме да станеме дел на туѓа приказна. Поседувајте ја вашата комуникација и ова ќе ви помогне да владеете со начинот на кој ве гледаат вас и вашата напорна работа.

ЧЕКОР 1: КОМУНИКАЦИСКИ ЦЕЛИ

Секоја комуникациска стратегија треба да има цели и намери до кои води. Дефинирајте што сакате да постигнете со вашата комуникација за ДОС програмата и/или настанот (комуникациска намера) и тогаш одредедете како ќе биде направена (комуникациска цел).

Вашата комуникациска НАМЕРА може да биде на пример, да воведете ДОС програми за нови намени, но вашата комуникациска ЦЕЛ треба да биде поконкретна, пр. достигнете Х број на пријави за ДОС настанот кој го организирате. Бидете внимателни да не планирате премногу но исто така не го потценувајте вашето влијание. Затоа, вашата цел треба да биде ПАМЕТНА

Специфична – ова ви помага да поставите рамка во која ќе работите. Знајте си го влијанието и доменот. Споменете го начинот на кој ќе го правите, во овој случај преку надворешни мултиспортски активности, и што сакате да постигнете.

Мерлива – треба да можете да го откриете квантитативниот аспект на вашето влијание. Ако го знаете бројот на учесници или друг податок, споменете го.

Достижна – знајте си ги капацитетите и колку можете да постигнете

Реална – не можеме да го смениме светот во еден ден. Да го направивме тоа чекор по чекор.

Во временска рамка – знајте ги датумите и динамиките на активностите. Исто така, планирајте и знајте кога ќе започнете и кога ќе завршите со кампањата.

Кога поставувате цел за промовирање на вашиот ДОС настан, уверете се дека знаете што сакате да постигнете. Ако барате млади да ви се придружат, вашата цел треба да го одразува тоа за да бидете сигурни дека ги правилно дефинирате целите. Ако правите промоција на веќе одржана ДОС активност, тогаш дефинирајте ја рамката на вашата комуникација во вашите цели и намери.

ЧЕКОР 2: ЦЕЛНА ГРУПА

Многу важен дел од комуникацијата е да ја знаете вашата публика, што значи мора точно да знаете со кого зборувате, да ја знаете вашата ЦЕЛНА ГРУПА: Бидејќи нема сите во вашата публика да ги имаат истите карактеристики и преференции, ќе мора да направите СЕГМЕНТАЦИЈА на вашата целна група за подетално да дознаете кои се тие. Ова е многу важно ако сакате да бидете поефективни во вашата комуникација.

Кога велиме дека треба да ја познавате вашата публика, мислиме дека треба да можете да ги препознаете меѓу другите млади луѓе. Мора да го анализирате и разберете нивното однесување, навики, преференции и перформанси. Ова ќе ви помогна да знаете кога да им пристапите, на која платформа и со каква порака. Предност би било да знаете што мислат за активности во надворешен простор и спорт.

За специфичните видови на кампањи и комуникациски продукти, ќе имате различни публики, и затоа треба да ги знаете под-категориите на вашата целна група. Пр. ако целна група ви се средношколците, треба да знаете дека нивните комуникативни преференции се сосема различни од оние на студентите или други групи на млади. Нема да можете да им пристапите додека се на училиште за почеток, и соодветно планирајте го времето на објавување во кампањата. Контактирањето на нивните наставници за физичко образование може да е добар начин да им пристапите бидејќи ова е авторитетна личност која им е позната и и веруваат да научат за мултиспортските активности на отворено и нивното можно учество во нив. Ова е само мала илустрација на што треба да вклучите во анализата и пристапот на сегментите на вашата целна група.

Ако целната група за ваш ДОС настан кој го организирате е „стари“ корисници, тогаш тоа значи дека веќе ве знаат и вашиот пристап кон нив може да биде подиректен и врз основа на вашиот однос од претходно. Но ако барате нови учесници да ви се придружат, вашиот пристап на комуникација ќе биде помотивирачки и треба појасно да се објаснат придобивките на ДОС активностите. Ова е зошто треба да ја знаете вашата целна група. Ова целосно ќе ви го обликува пристапот на комуникација.

Проектот “Door Out to more Sport for all” е кофинансиран од Европската Унија.