Door Out Sport ВОДИЧ

Поглавје 6

Мисија и визија на вашиот клуб/камп/организација

Најдобар начин да се претставите е да знаете која е вашата движечка сила. За ова, треба да ја знаете мисијата и визијата на вашиот клуб/камп/организација. За создавање на изјава за мисија, разговарајте со вашите членови зошто постои вашата организација, проблемот кој се обидувате да го решите и вашите вредности и верувања за тоа што ќе биде потребно за да се направат промени во светот/ заедницата.

За автентична изјава на визија, размислете за вашата цел и крајната состоја на вашиот сон. Каков вид на успех би ја направил вашата организација застарена? Уверете се дека вашата мисија и визија ја одразуваат суштината на вашата работа и напори, дека сите разбираат за што се залагате и како планирате да го постигнете тоа. Кога ќе го направите ова правилно, сите други делови на комуникација ќе бидат лесни за развивање. Исто така, вашите членови треба секогаш да знаат за што се залагате и соодветно да се поврзат со тоа.

ПРИМЕРИ НА ИЗЈАВИ ЗА ВИЗИЈА И МИСИЈА ВО СПОРТСКИ КЛУБОВИ И ОРГАНИЗАЦИИ:

Овде можете да видите некои примери кои може да ве инспирираат вас и вашиот тим да создадете свои изјави за визија и мисија:

Изјави за визија:

 Развивање на можности во спортот преку обезбедување на професионална средина каде сите можат да го постигнат својот целосен потенцијал (The Sports Academy, UK)

Свет каде секое дете го задржува правото на преживување, заштита и учество (Save the Children)

Да се трансформираат заедници со инспирација на луѓето низ целиот свет да ги отворат своите умови, да прифатат и вклучат луѓе со интелектуални попречености, а со тоа и секој кој се смета за различен (Special Olympics)

Изјави за мисија:

Настојуваме да обезбедиме еднаква можност за развој на физички, ментален и емоционален развој на нашите играчи и други учесници во клубот, како тренери, менаџери, членови на советот, волонтери и поврзани членови на семејство, без разлика на пол, етничка припадност или возраст. (Suffolk Park Football Club)

Бранејќи ги правата на луѓето низ целиот свет (Human Rights Watch)

Проектот “Door Out to more Sport for all” е кофинансиран од Европската Унија.