Door Out Sport ВОДИЧ

Поглавје 6

Комуникација со млади лица

За да бидете поуспешни во вашата комуникација со публиката, треба да ја структурирате вашата комуникација. Треба да знаете кој што треба да прави, за кој и каде. Сите треба најпрво, да знаат зошто се прави тоа. Затоа, треба да подготвите комуникациска стратегија на младински клуб/камп/организација и да подготвите комуникациски план за секоја активност која сакате да ја комуницирате со вашите корисници и пошироката публика. Откако ќе разберете како треба да се направи, ќе сакате да го правите ова за сите други активност бидејќи многу ви го олеснува животот.

Кога сакате да работите на подобрување на вашата комуникација, треба да имате три работи во предвид:

Кој е вашиот идентитет – мора да знаете кој сте вие, зошто постои вашата организација/клуб/камп, кои се вредностите кои ве водат во вашата работа, каква промена сакате да воведете во заедницата.

Како да претставите кој сте вие – ова значи дека мора да мислите за како се претставувате, како изгледате и зборите. Како ве согледуваат другите поради вашата визуална презентација и што треба да се направи поинаку.

Како да комуницирате кој сте вие – да ја разберете вашата публика и најдобриот начин да и пристапите. Во овој момент мора да разберете која е вашата публика и кој е најдобриот пристап кој го имате за неа.

Проектот “Door Out to more Sport for all” е кофинансиран од Европската Унија.