Door Out Sport ВОДИЧ

Поглавје 5

ЧЕКОРИ ВО ПЛАНИРАЊЕ И СПРОВЕДУВАЊЕ НА КАМПАЊА ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТ

ЧЕКОР 1: Одберете ја темата на кампањата – За почеток, треба да изберете на која тема ќе работите. Може да биде некоја потреба која сте ја препознале во вашата заедница во моментот или некој тековна тема ако би сакале да се приклучите на тековните разговори за работите кои се важни, особено за младите. Како собирна точка за младите вие ја имате одговорноста да размислувате дополнително за предизвиците со кои се соочуваат младите. Вие треба да мислите повеќе за нивната благосостојба и на кој начин да ја постигнете. Бидејќи младите обично реагираат позитивно на слични активности, треба да продолжиме со нивно отворање преку нашата работа.

ЧЕКОР 2: Најдете го најдобриот формат за вашата кампања – Во овој чекор треба да одберете кој тип на кампања ќе спроведувате. Разгледувајте опции кои се најсоодветни за пораката која ја ширите и ресурсите со кои располагате.
ЧЕКОР 3: Набројте ги ресурсите кои ви се потребни за кампањата – Треба да ги наведете личните, материјалните и финансиските ресурски кои ги имате за организирање на кампањата. Овде треба да размислувате за собирање средства и соработка со други страни кои се комплементарни на вашата акција кои можат да ви се придружат со нивните придонеси.
ЧЕКОР 4: Дефинирајте ја пораката на кампањата – Вашата порака е секогаш суштината на промената која сакате да ја воведете. Тоа е она што ќе ве води во вашите намери и она што треба на најдобар начин да го пренесе она што сакате да го постигнете. Направете ја кратка, јасна и разбирлива за вашата публика. Размислете и за зборовите кои ќе ги употребите, треба да бидат инспиративни и да одразуваат позитивни чувства.
ЧЕКОР 5: Создавање на временска рамка на кампањата – Ова е моментот кога треба да направите план за вашата кампања. Тоа значи дека ќе го планирате времето, задачите и улогите во кампањата. Сите кои се вклучени треба да ја следат договорената динамика и да придонесуваат како што е дефинирано во кампањскиот план. Запомнете, планот не е ништо, но планирањето е се. Значи, процесот на континуирано планирање  е она за што се работи.
ЧЕКОР 6: Поддржувачи на вашата кампања – Преку кампањата, веројатно ќе добиете нови поддржувачи и следбеници, но пред да ја започнете кампањата треба да знаете кој е дол од вашата коалиција. Покрај поддршката во ресурсите потребни за кампањата, треба да најдете луѓе кои ќе ви помогнат да ја пренесете пораката. Може да бидат други организации или клубови, официјални институции и јавни актери, но може да бидат и млади лица кои се наши корисници и се подготвени да го споделат продуктот на нашата кампања со своите следбеници.
ЧЕКОР 7: Евалуација на кампањата – Кога кампањата ќе заврши, би сакале да ги измерите нејзините ефекти. Зборете со вашата група и видете како тие го гледаат, но зборете и со вашата публика и видете колкаво влијание имало на нивните ставови и мислења за темата за која зборувавте. Евалуација е точка каде што учите од вашите искуства и се подобрувате себеси за следните активности кои ќе ги преземете.

Сега откако научивте за сите чекори за организирање на успешна кампања за подигнување на свест, спремни сте да пробате. Следете ги овие едноставни правила за да го подобрите животот во вашата заедница,

Проектот “Door Out to more Sport for all” е кофинансиран од Европската Унија.