Door Out Sport ВОДИЧ

Поглавје 5

ВИДОВИ НА КАМПАЊИ ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА ПРЕКУ СПОРТ

Да разгледаме како можеме да го искористиме спортот за подигнување на свеста на поструктуриран и мотивирачки начин. Ако барате оптимален начин за вашата кампања за подигнување на свест, погледнете ги следниве опции:

ОНЛАЈН ПРОМОВИРАЊЕ НА ВАШАТА ПРИЧИНА / ВРЕДНОСТИ

Кампањите за подигнување на свеста може да се фокусираат на промовирање на вредностите за кои се залага вашиот клуб/камп/организација. Овој тип на кампањи може да се направи со минимален напор и буџет бидејќи се реализира на вашите веќе воспоставени социјални медиуми и понатаму споделуван онлајн. Овој тип на кампањи е добар за градење на имиџор на вашиот клуб/камп/организација и може да се спроведува од време на време за да ги потсети вашите корисници за што се залагате и да го градат вашиот јавен изглед. Примери: промовирање на фер плеј, кампањи против говор на омраза, итн.

АКТИВНОСТ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА МЛАДИНСКОТО УЧЕСТВО И АКТИВИЗАМ

Во овој тип на кампања, клубот/кампот/организацијата може да организира дополнителни активности. Вака тие можат да работат на подобрување на младинското учество и активизам за решавање на некои проблеми во локалната заедница. Со учество на овие активности, младите си го градат нивното чувство на припадност во општеството и клубот/кампот/организацијата може да ја зајакне социјалниот дел од нивниот ангажман. Пример: организирање на натпревар за хуманитарни цели, активности за чистење на околината, итн.

ДОЛГОРОЧНИ ИНТЕГРИРАНИ КАМПАЊИ

Во овие кампањи можете да ги комбинирате онлајн и офлајн активностите и обично траат подолг период. За ваков тип на кампањи, вашиот клуб/камп/организација треба да имаат добро развиени комуникациски вештини (повеќе во следниот дел, Комуникациски стратегии). Тие можат да се организираат за да се нагласи социјалната одговорност на вашиот клуб/камп/организација за да покажете дека внимавате на вашето влијание врз општеството и животната средина.

Во зависност од вашата моментална потреба, можете да одберете еден од опишаните формати, но можете и да ги комбинирате за да ги постигнете вашите цели.

Проектот “Door Out to more Sport for all” е кофинансиран од Европската Унија.