Door Out Sport ВОДИЧ

Поглавје 5

КАКО ДА СТЕ ВО КОРИСТ ОД ОВОЈ ПРИРАЧНИК?

АКО СТЕ СПОРТСКИ КЛУБ

Кампањите за подигнување на свест на кои можете да се фокусирате може да бидат оние кои промовираат одредени вредности кои можат да се донесат преку спортски активности. Спортот може да се користи за нагласување на предизвиците во општеството и како платформа за собирање на заедницата околу различни теми.

Спортот може да биде моќен медиум за покренување на различни теми во општеството, од здравстевни проблеми, преку еколошки предизвици и се до инклузивност, младинско учество и донесување одлуки. Ако решите да ја вклучите вашата публика и да ги инспирирате да се приклучат на кампањата, ке ја направи партиципативна, давајќи и дополнителна вредност. Со ова, можете паралелно да ја зголемите вашата публика и да направите посилна основа за поддршка на вашата работа.

Младите веќе се привлечени кон спортски клубови и нивните активности. Ова значи дека тие се публика која веќе е присутна и испраќањето на порака не би било премногу тешко за вас. Ова ве прави уште поодговорни за започнување на разговори за темите кои се важни за нивните животи.

АКО СТЕ МЛАДИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА

Тоа што сте младинска организација ве прави разумен за тоа кои се потребите на младите и кои се препреките, предизвиците и потешкотиите со кои се соочуваат. Поради пандемијата и дигитализацијата на многу активности на МО, организациите мораа да го сменат нивниот пристап кон младите барајќи алтернативни начини за нивно собирање и ангажирање. 

Ако се одлучивте да вклучите мултиспортска методологија во вашата работа, ќе интегрирате иновативен пристап и ќе понудите нови опции за младите. Нивното учество во вашите активности ќе добие дополнителна вредност.

Организирање на кампања за подигнување на свеста преку ваков вид на активности може и да испрати порака во ваше име дека младите треба да се повеќе физички активни и да се свртат кон надворешните простори. Овој тип на активности е идеален ако сакате да подигнете свест на вашата целна група за еколошки предизвици, различни здравствени проблеми и животни стилови, промовирање на младинско учество и активизам, итн. Барајте ги поддржувачите во спортските клубови бидејќи тие можат да ви дадат специфичен know-how во зависност од каква е вашата активност.

АКО СТЕ ЕКОЛОШКИ КАМП

Да сте еколошки камп значи дека повеќето од вашите активности веќе се случуваат во околината и дека имате одредени вештини потребни за многу активности во околината. Бидејќи сте собрани за еколошки теми, претпоставуваме дека сте заинтересирани да ја подигнете свеста на вашата публика за еколошките проблеми и веројатно вашата публика го очекува тоа од вас.

 Обидете се да го погледнете од друг агол. Ако ги структурирате вашите активности во смисла да ја нагласите важноста на било која тема сте ја избрале, треба да бидете иновативни во вашиот пристап со употребување на нова методологија како на пример спортски активности и нови аспекти како што е образованието. Активностите кои ги организирате можат да добијат нова димензија со овој пристап и можат да имаат корист од него на многу начини.

Проектот “Door Out to more Sport for all” е кофинансиран од Европската Унија.