Door Out Sport ВОДИЧ

Поглавје 5

Кампањи за подигнување на свеста направени преку спорт

Спортот е најмоќниот медиум на нашето време. Не постои друг вид на социјална интеракција која може да собере повеќе луѓе на едно место или околу едно како што може спортот. За надминување на различни предизвици со кои се соочуваме во денешното општество, треба да го користиме спортот почесто како платформа за придвижување на работите напред. Спортистите се хероите на нашето време и многу луѓе им се угледуваат на нив. Тоа што они го зборат има големо влијание на младите, што се случува во и околу спортот влијае на младите на многу нивоа.

Минатата година ФИФА ја започна кампањата #ReachOut за да ја подигне свеста за симптомите на состојбите на менталното здравје, охрабрувајќи ги луѓето да бараат помош кога им е потребна, и да преземаат активности секој ден за подобро ментално здравје. На овој начин, преку своите активности со поддршката на минати и сегашни фудбалери и Светската здравствена организација (СЗО), ФИФА ја нагласува важноста на поголема свест за менталното здравје. ФИФА исто така води долгорочна кампања за подигнување на свест за расизмот што многу луѓе имале шанса да го видат на фудбалските натпревари.

Овие глобални кампањи, како и многу други, се добар пример за како можете да ја нагласите важноста на различни теми важни за вас и вашите заедници. Како за почеток, можете да ја изберете точната комбинација на медиуми и после да ја планирате вашата кампања чекор по чекор како што е покажано во овој прирачник.

Проектот “Door Out to more Sport for all” е кофинансиран од Европската Унија.