Door Out Sport ВОДИЧ

Поглавје 6

ЧЕКОРИ ЗА ИЗРАБОТКА НА КОМУНИКАЦИСКА СТРАТЕГИЈА ЗА ВАШИОТ ДОС НАСТАН И ПРОГРАМИ

ЧЕКОР 3: ПОДГОТОВКА НА ПОРАКА

Следно нешто што треба да го имате во предвид е дека ПОРАКАТА е клучот за правење на влијание со вашата комуникација. Пораката е кратка, вистинита изјава која го прикажува она за кое се залагате или, во поконкретни кампањи, она што сакате да го промените со вашите напори.

Клучните пораки ќе ви помогнат да направите фокус, контрола и интензитет во вашите целни публики. Вашата порака секогаш треба да биде подготвена на начин што ќе одговара на префернциите на вашата целна група. Знаејќи со кого зборите секогаш треба да влијае како зборите – како ќе формулирате, кои клучни зборови ќе ги користите и каде ќе ја поставите вашата порака. Секоја точно формулирана порака го содржи проблемот за кој зборите, предложената акција или промена која ја барате и повик за акција до вашата публика.

Не заборавајте да користите клучни зборови кои алудираат на ДОС во вашата порака. Вашите корисници треба да ја создадат сликата и чувството дека се дел од мултиспортска активност на отворено само кога ќе ги слушнат вашите зборови. Ова е посакуваното влијание што треба да го прави вашата порака.

ЧЕКОР 4: КОМУНИКАЦИСКИ КАНАЛИ

Следи ШИРЕЊЕ на вашата порака на точниот начин. Темата на маркетинг и општо пораките што сакате да ги слушне вашата публика се во голема мера поврзани со каналите кои ги користите за да ги пренесете. Тука треба да знаеме како да ја усогласиме пораката со публиката и со каналите на кои ќе ја ставаме бидејќи ова е тоа што ја прави разликата.

Социјалните медиуми се за учество и поврзување на луѓето, затоа размислете за инвестирање во онлајн комуникација како начин да негувате односи со вашите корисници, истовремено добивајќи ја нивната лојалност и страст за клубот/кампот/организацијата и нивната работа. Размислете за постојаните промени кои се случуваат во комуникацијата и фактот дека различните социјални медиуми бараат различен тип на пораки. На Инстаграм на пример, сите сме убави, како што викаат, но тоа е и потенцијално многу добра алатка за кампањи за подигнување на свест ако е објавена точно за оваа цел. За ова потребно ни е знаење како да го користиме каналот на точен начин.

Исто така е многу добро да се знае дека младите главно комуницираат преку визуелни елементи и да ги вклучите во вашата комуникација. Ако ги повикувате да ви се придружат во некоја мултиспортска активност во отворен простор, треба да видат како други луѓе учествуваат во нив и како изгледа. Ако го направите да биде и смешно, го добивте џекпотот за комуникациски пристап. Користете тековни, паметни визуелни елементи кои алудираат на моментално популарна музика, ТВ-серии и филмови. Комбинирајте мемови и гифови со вашите продукти за да промоворите ДОС на младите. Вашиот успех е сигурен ако се консултирате со млади кога создавате продукти на социјалните медиуми. Тие ќе ве известат дали е добро за да ги добиете нивните врсници да се приклучат на ДОС активности или да зборуваат за нив како за почеток.

Треба да работите и на други средства за електронска комуникација: веб-сајт, билтен, електронска пошта, СМС, апликации, итн. Покрај социјалните медиуми, многу е важно да размислите за сите други комуникациски канали што може да ги користите. Да наброиме неколку:

Печатен материјал – билтен, годишен извештај, предсезонски пакет 

Лице в лице – состаноци (предсезона, тренинг), инфо сесии, денови за оценување или настани

Физички средини – табли за оглас на објектот, аудио систем на местото

Формално – состаноци на комисија, циркулари, белешки

Знаејќи дека сакаме да промовираме нешто повеќе од самиот спорт ни помага да се фокусираме на она што навистина им го кажуваме на младите. Нашите пораки треба да се фокусираат на она што би можеле да го добијат за себеси со учество во спортови наместо за рекреација и натпреварување.

 Ако сте спремни да вклучите стратешки пристап во вашата комуникација, наскоро ќе ја видите разликата што ја прави. Ако сакате да ја негувате и зачувате вашата публика близу до вас, ќе треба да работите на вашата комуникација цело време, со подобрување на вашите вештини и одржување на вашите канали да бидат активни и отворени. Откако ќе научите како да го правите тоа, станува навистина забавно. Со среќа!

СО СРЕЌА!

Проектот “Door Out to more Sport for all” е кофинансиран од Европската Унија.