Door Out Sport ВОДИЧ

Поглавје 4

ДОС методи на учење

6. ГРАД НА ПАТОТ

Тема:

одржлив развој, екологија, отпорни архитектонски решенија

Целна група:

Г17+

Големина на група:

Бројот на учесници зависи од можностите на организаторот на активноста. Ако сте во можност да работите со учесници кои имаат велосипеди, ограничете ја групата до 15 луѓе за да можете да се движите полесно низ градот/селото.

Време:

најмалку 90 минути

Материјали и поставување:

Секој учесник треба да има велосипед. Подгответе листови хартија и маркери за групната работа. Одберете патека за возење низ градот, имајќи ги во предвид капацитетите на вашата група. За помалку искусните учесници, организирајте ја активноста во градски паркови и отворени места без јавен сообраќај.

Преглед:

Преку велосипедската активност, учесниците ќе бараат за нови одржливи решенија за развојот на градот.

Подготовка:

Со учесниците согласете се за место каде ќе се најдете. Ако изнајмувате велосипеди, тоа може да биде местото од каде изнајмувате или ако учесниците доаѓаат со нивни велосипеди, може да одите директно на избраната локација. Подгответе ја точната патека и подгответе ја мапата за да ја споделите со учесниците. Одлучете се за неколку патеки во зависност од тоа колку групи ќе имате.

Упатства:

Чекор 1– Откако ќе се сретнете со учесниците на почетната точка, поделете ги во групи и споделете ја мапата на патеките со нив. Задачата е да одат по патеката и да застануваат на места кои тие мислат дека можат да бидат преуредени или дополнително развиени. Треба да дискутираат и да формулираат предлози за интервенции кои ќе постигнат поодржливи решенива во архитектурата.

Треба да ја имате нивната локација цело време додека трае активноста, затоа разменете контакти со нив и имајте ја локацијата на барем еден од членовите на групата. Објаснете им на учесниците дека ќе им ја следите локацијата само за време на активноста, дека нема да го злоупотребите ова на никој начин и дека го правите исклучиво заради безбедносни причини. (Погрижете се вашата организација да се грижи за заштита на податоците како и за сите други слични онлајн дејства).

Учесниците треба да можат да ве прашат за се што не им е јасно во врска со временската рамка, локацијата, итни случаи, комуникација со фасилитаторите за време на активноста, итн. Дајте им доволно време за ова.

Чекор 2– По активноста, учесниците треба да ви се придружат на договореното место и да ги разменат своите резултати со другите групи. Во презентациите, треба детално да ги објаснат локациите кои ги одбрале, да покажат слики од нив и да ги презентираат решенијата што ги нудат.

Чекор 3– По презентацијата, сите групи започнуваат пленарна дискусија со вашите учесници и сесија за дебрифинг и евалуација.

Препораки:

Во поканата, потсетете ги учесниците да бидат спремни за различно време, да донесат вода и грицки бидејќи ќе трошат енергија поради физичките напори на возење на велосипед.

 

Во воведот на активноста споделете ги главните принципи за урбаната и пејзажната архитектура за да ги инспирирате учесниците. Побарајте да бидат креативни и иновативни, но и да размислат за реалните околности за да добијат повеќе резултати кои би можеле да бидат применливи. 

Идеи за дебрифинг и евалуација:

Како беше при време на возењето?

Дали групата соработуваше и меѓусебно се поддржуваше за време на активноста?

Дали беше тешко да изберете кои локации треба да бидат „преуредени“?

Кој беше фокусот на вашите нови одржливи архитектонски решенија?

Дали се потпревте на веќе постоечките архитектонски решенија кога одлучувавте на вашите предлози?

Проектот “Door Out to more Sport for all” е кофинансиран од Европската Унија.