Door Out Sport ВОДИЧ

Поглавје 4

ДОС методи на учење

5. КОЛАБОРАТИВНО ПЛАНИНАРЕЊЕ

Тема: вклучување, донесување одлуки, управување со кризи, управување со времето
Целна група:

Г18+, но ако подготовката е добра, може да вклучите и помлади учесници

Големина на група: 10-20 учесници
Време:

90 минути се препорачливи. Може да го прилагодите времетраењето ако е потребно.

Материјали и поставување:

Пликови со улоги за учесниците. Планинарски пакети за учесниците со вода, грицки и други потребни реквизити.

Активноста треба да биде организирана во природа, пожелно на веќе обележана планинарска патека која ќе биде позната на фасилитаторите.

Преглед:

Активноста се изведува во вид на планинарење. За време на пешачењето, учесниците добиваат различни задачи кои треба да ги исполнат. Задачите се направени на начин што може да се решат само со соработка.

Подготовка:

Одберете рута која ќе биде умерено предизвикувачка за вашата група. Кажете им на учесниците да облечат соодветна опрема за планинарење (удобна и топла облека ако е потребно и обувки за пешачење). Оваа активност активност треба да ја спроведуваат најмалку два искусни фасилитатори.

Упатсва:

Чекор 1– Започнете со објаснување на безбедносните мерки кои сите треба да ги имаат во предвид за време на активноста. Споделете совети за безбедно патување со учесниците и согласете се да не преземате непотребни ризици за време на активноста. Кажете и на групата која е крајната точка на рутата и советувајте никој да не ја напушти групата за време на пешачењето.

 

Чекор 2– Споделете ги листовите хартија со учесниците. Дајте им неколку минути да ја разберат и прифатат својата улога: глува личност, личност со тешкотии во учењето, слепа личност. Улогите се познати за сите учесници и групата може да биде информирана за истите. Не секој во групата има улога.

 

Дајте им листа на задачите на учесниците:

1.Треба да одредите во кој редослед во линија ќе пешачите до крајот на задачата.

2.Треба да одберете лидер на групата и некој треба да биде вашиот преговарач. Лидерот ќе ја координира групата, а преговарачот ќе има улога да преговара промена на рутата со фасилитаторите ако е потребно и други промени за време на активноста за кои ќе се согласи групата. Уште една улога која треба да одберете е чувар на време кој ќе кажува кога да се спроведе некоја задача.

  1. На 15 минути од патеката, треба да почнете да пеете песна за која ќе се согласи групата како инспирација за маршот. Сите треба да пеат или да прават звуци со импровизирани инструменти..
  2. На 30 минути од патеката, запрете и направете ја највисоката кула што можете од природен отпад што ќе го најдете во шумата.
  3. На 50 минути од патеката, играјте “Гледам нешто што започнува на бувката…“ со групата
  4. Некој од групата треба да оди наназад за 5 минути по 70 минути пешачење.
  5. Олеснувачот ќе ви ја даде последната задача на самото место после 80 минути на патеката.

 

Неколку учесници треба да добијат тајни задачи.

Задача 1: Секој пат кога некој ќе даде предлог, пожалете се за тоа и не се согласувајте.

Задача 2: Секои 5 минути, пожалете се за патеката и инсистирајте да се вратите.

Додајте уште: ????

Препораки:

Треба да ги преуредите задачите за да одговораат на вашите потреби но направете ги предизвикувачки.

Како крајна задача, можете да им кажете на учесниците да одат бавно за неколку минути/ да одат на една нога/ да затворат едно око за неколку минути/ или било што што би им го направило пешачењето малку неудобно.

Идеи за дебрифинг и евалуација:

Откако ќе ги прашате учесниците како им било цело ова искуство, обидете се  да дознаете за нивните впечатоци за нивниот придонес и за придонесот на целата група.

Прашајте ги учесниците дали се задоволни со нивните лидери и нивната работа.

Дали преговарачот имаше тешка задача и дали беше чуварот на време добар во неговата/нејзината задача?

Дали се задоволни со нивниот придонес?

Како им беше на лицата со посебни улоги во групата?

Дали тие добро се снајдоа и дали ја добија потребната поддршка од групата?

Дали имаше други учесници кои влијаеа на динамиката нагрупата и спроведувањето на задачите?

Споделете некои информации со вашите учесници за совети за управување со времето што се одразува на како тие успеале да одговорат на дадената временска рамка.

Проектот “Door Out to more Sport for all” е кофинансиран од Европската Унија.