Door Out Sport ВОДИЧ

Поглавје 4

ДОС методи на учење

4. ВДИШИ, ИЗДИШИ

Тема: промени во животната средина, развој, донесување одлуки
Целна група: Г16+
Големина на група: 10-20 учесници
Време:

60 минути. Ако групите сакаат подетално да разговараат за нивните предлози, понудете им дополнителни 30 минути

Материјали и поставување:

За оваа активност, потребни се листови хартија и маркери за групната работа. Активноста може да се спроведе во било каков надворешен простор каде безбедноста на учесниците е гарантирана. Најдоброто место за оваа активност би била некоја плажа или планински врв.

Преглед:

Преку медитација на отворено, учесниците ќе пробаат да ги дадат своите идеи за иднината на опшетството. Потоа ќе понудат некои од решенијата за надминување или избегнување на можните проблеми кои ги очекуваат.

Подготовка:

Одберете место за активноста. Уверете се дека патот до локацијата е безбеден. Подгответе ќебе за седење во круг или некоја алтернатива на тоа. Разговарајте за ова со учесниците.

Упатства:

Чекор 1: Започнете ја активноста во форма на фантазија. Учесниците треба да седат во круг, во полето. Кажете им да се релаксираат и да мислат на звуците на природата која ги опкружува, да ја почувствуваат тревата и земјата под нив.

 

Чекор 2: Кога ќе им биде удобно, почнете да ги охрабрувате да мислат на времето кога природата цвета; како сето тоа започнало; да мислат за првите растенија и првите животни кои растат во полето. Кажете им да го замислат моментот кога првиот човек дошол тука. Како му било на него? Кои биле неговите први мисли и впечатоци? Како реагирала природата на него? Кажете им да одат во овој момент и да размислат за сите работи кои се случуваат во полето во овој момент. Кој е контекстот во кој постои? Кои се главните предизвици за неговото постоење? Потоа кажете им на учесниците да го замислат полето 50 години или повеќе во иднината.

 

Чекор 3: Ставете ги учесниците во мали групи и кажете им да разговараат што мислеле за време на медитацијата. Кажете им да ги набројат сите можни проблеми и предизвици поврзани со полето и неговата околина. Што можат да направат заедно и да спречат некои од лошите сценарија? Што треба да направат носителите на одлуки за тоа? Дали има начин да ги убедиме да го направат тоа?

 

Чекор 4: Групите треба да презентираат она што го сработиле и да разменат заклучоци со другите.

Идеи за дебрифинг и евалуација:

Дали сите чувствуваа дека можат да учествуваат и придонесат на работата?
Какво е чувството да добиеш повратна информација за предлозите?
Дали се задоволни со решенијата понудени во групите?
Кои ќе бидат нивните права како граѓани во иднината?
Кои ќе бидат нивните должности како граѓани во иднината?

Проектот “Door Out to more Sport for all” е кофинансиран од Европската Унија.