Door Out Sport ВОДИЧ

Поглавје 1

Предизвици во и околу спортот: како да се поттикнат младите да го одберат спортот како начин за практикување на здрав и активен животен стил?

 Размислувајќи за потребите на младите во пост-пандемската ера, најмногу бевме загрижени за нивното физичко и ментално здравје. Баравме доказ за влијанието на заклучувањето, онлине комуникацијата наместо личната, недостаток на социјални активности и недостаток на одење надвор. Потребата за интервенција е јасна од нашите наоди и сме подготвени да направиме активен одговор на тоа.

Целта на овој прирачник е да се претстави онлајн поддршка за спортските клубови, младинските организации и кампови за да се интегрира повеќе надворешен мултиспортски пристап во нивната работа кој ќе ги поттикне младите да се вклучат во спортски активности. Прирачникот ќе им помогне да направат креативни активности и да бидат поиновативни и инклузивни во нивната работа, со здружување на мултиспортски пристап, образование и граѓански активизам.

Преку нашиот прирачник, претставниците на горенаведените засегнати страни ќе научат како да го искористат спортот за подигање на свеста, фокусирано на решавање на социјални предизвици во нивните заедници и повеќе, како и да им се овозможи да се здобијат со нови вештини и знаења користејќи неформално учење преку спортот. Поради горенаведените причини, сигурно ќе биде надвор бидејќи спортувањето на отворено на младите им се допаѓа се повеќе и повеќе. Понатаму, со намерно дизајнирана методологија заснована на спорт, целиме да покриеме области како: вклучување на ранливи социјални групи, надминување на еколопки предизвици, младинско учество, итн.

 Со користење на прирачникот, нашата целна група ќе може да одговори на предизвиците со кои се соочиле за време на пандемијата и да се внесе нова димензија во нивната работа. 

Спортските клубови ќе добијат можност да работат на развивање на нов тип на активности кои се преферирани од страна на младите. Со следење на препораките од прирачникот, би можеле да привлечат повеќе млади да почнат да тренираат спорт на структуриран и организиран начин кој го нудат спортските клубови.

Проектот “Door Out to more Sport for all” е кофинансиран од Европската Унија.