Учествувај во истражувањето за “Door Out to more Sport for all” проектот

Доколку сте млад човек од Србија, Хрватска или Македонија, ве покануваме да учествувате во кратка онлајн анкета која има за цел да утврди кои се преференциите на младите во областа на спортот и физичките активности и како тие се менуваат. Со учеството во ова истражување, ќе ни помогнете да развиеме нови пристапи кон работата на спортските клубови и организации кои се во согласност со вашите потреби, навики и интереси. Овие методологии ќе бидат јавно достапни и сите заинтересирани спортски клубови и младински организации ќе можат да ги применат во својата работа.

Пристапете до прашалникот овде: https://forms.gle/dE5ReDuUaa21qDi57

Истражувањето се спроведува во рамките на проектот „Door Out to more Sport for all“, кој го спроведуваат Кампинг сојузот на Србија, Планинарско-скијачко друштво Стражилово, Карате клубот Мославина, НВО Интеркултура и Кошаркарскиот клуб Младост Битола. Целта на проектот е да се овозможи развој и имплементација на методологии кои ќе промовираат вклучување на младите во физички и спортски активности на отворено.

Проектот “Door Out to more Sport for all” е кофинансиран од Ерасмус + програмата на Европската Унија.

0 Comments

Submit a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *