Се одржа пилот-настан на проектот “Door out Sport” на планината Златибор 

Во периодот од 25-ти до 27-ми јуни 2023 година, на планината Златибор во Србија, како дел од проектот “Door Out to more Sport for all” се одржа пилот-настан собирајќи млади луѓе од Србија, Хрватска и Северна Македонија. Настанот им овозможи на младите да дознаат повеќе за важноста на спортовите на отворено и неговата практична примена како неформална едукативна алатка за подобрување на нивното здравје, разбивање на стереотипите и промовирање на позитивните општествени вредности. Сите овие активнпсти беа реализирани преку презентација и тестирање на иновативни спортски методологии на “Door Out Sport ” кои се создадени да промовираат социјална кохезија и вклучување на обесправените млади преку спорт на отворено.

Пилот -настанот, исто така, претставуваше одлична можност каде претставниците на Конзорциумот потпишаа писмо за намери и официјално ја утврдија работата на  „Door Out Sports“ мрежата која ќе обезбеди долгорочна соработка меѓу нив на полето на спортовите на отворено и ќе ја зајакне одржливоста на резултатите од проектот.

Проектот „Door Out Sports“ е кофинансиран од Европската Унија.

0 Comments