Резултати од истражувањето на ДОС

Истражувањето МЛАДИНСКИ ПРЕФЕРЕНЦИ ВО СПОРТОТ И ФИЗИЧКИТЕ АКТИВНОСТИ беше успешно спроведено во рамките на меѓународниот проект „Door Out to more Sport for all“. Целта на проектот е да се поттикне учеството на младите во спортот и физичките активности во Европа преку мултиспортска методологија на отворено што промовира социјално вклучување на загрозените млади

Самото истражување имаше задача да ги утврди доминантните навики и модели на учество на младите во спортот и физичките активности, како тие се менуваат и какво влијание имаше пандемијата на Ковид-19. Во истражувањето учествуваа повеќе од 330 млади луѓе од Србија, Македонија и Хрватска. Резултатите од истражувањето ќе послужат како почетна точка за развој на иновативни неформални методологии за промоција на спортови на отворено кои треба да се развијат и објавуваат во рамките на проектот.

Можете да ги преземете резултатите од истражувањето со кликнување на копчето подолу.

Проектот “Door Out to more Sport for all” е кофинансиран од Европската Унија.

0 Comments